Дали опсесијата со совршенство ги наведува јапонските ѕвезди на самоубиство?

Фото: Профимедиа

На прв поглед, актерката Јуко Такеучи имаше совршен живот. Досега три пати ја освојуваше наградата за најдобра актерка во Јапонија, а неодамна го роди и своето второ дете. Минатата година, таа исто така беше на врвот на бокс-офисот како една од најомилените азиски актерки. Сепак, пред помалку од еден месец, таа изврши самоубиство.

Фото: Профимедиа

Никој со сигурност не може да знае што чувствуваат таа, но во јапонската култура која негува „гаман“ – издржливост или одрекување од болка – многумина чувствуваат голем притисок да ги сокријат своите емоции и несовршености. Овој притисок на општеството е уште поголем за јавните личности кои живеат водени од идеалот за совршенство.

Такеучи е една од последните популарни јапонски актерки што извршија самоубиство. Веста за нејзината смрт се појави само две недели по самоубиството на друга популарна актерка Сеји Ашин, но и само два месеци откако ТВ-личноста Харум Миура изврши самоубиство, оставајќи проштална порака во неговиот стан.

На почетокот на оваа година, Хана Кимура, атлетичарка и учесник во популарна ТВ програма во Јапонија, изврши самоубиство поради малтретирање на интернет. Освен неа, никој од споменатите лица не покажа знак на ментална или емоционална нестабилност.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Нивната смрт беше одек во растечкиот број на самоубиства кај Јапонците за време на пандемијата на коронавирусите. Тамошните власти соопштија дека бројот на самоубиства во Јапонија скокнал за 16 проценти од претходните години. Повеќето од оние кои извршиле самоубиство биле на возраст меѓу дваесет и триесет години.

„Како општество, ние веруваме дека не смееме да ја покажуваме својата слабост, туку дека мора сами да се бориме со проблемите што нè мачат. Не само што луѓето веруваат дека не можат да посетат психолог, туку исто така веруваат дека не смеат да покажуваат слабост кон луѓето блиски до нив“, рече Јасујуки Шимизу, директор на Јапонскиот центар за спречување на самоубиство, пренесува Њујорк Тајмс.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Како што понатаму објасни, причината за самоубиството на поединците е индивидуална, но сите ги обединува една работа – тие веруваат дека е потребно да се покаже само неверојатен успех и среќа во ерата на социјалните мрежи.

„Ова е дефинитивно предизвикувач на депресија. Ако вашиот реален живот не може да се совпадне со тоа како другите луѓе ве гледаат“, додаде Шимизу.

Според него, ова важи и за животот надвор од социјалните мрежи. Особено јавните личности веруваат дека тие мора да го одржуваат наративот за успешна и совршена личност која не смее да претставува емоционален товар за другите луѓе.

Фото: Профимедиа

Состојбата драстично се влошила за време на пандемијата на коронавирусите.

Многу луѓе останаа без работа, семејствата беа заклучени во четири sида, а најголемиот притисок во домаќинството падна врз жените кои одеднаш мораа да го држат на грб товарот кој го носи семејството и кариерата.

Работата е уште полоша ако сте јавна личност во Јапонија, вели Јунко Китанака, професор на Универзитетот Кеџо во Јапонија.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Нормалниот притисок од општеството ги зголеми тројно очекувањата на милиони фанови. За разлика од САД, каде јавните личности отворено зборуваат за своите ментални проблеми, во Јапонија сè уште е табу“, рече тој.

„Ако сте јавна личност и медиумите еднаш дознаат дека посетувате психолог, вашата кариера драстично ќе се промени на полошо. Менталните проблеми се нешто што ќе ве обележува до крајот на животот и ќе имате се помалку работа“, вели Тамаки Цуда, телевизиски продуцент.

„Многу луѓе од светот на шоу-бизнисот останаа без работа поради пандемијата. ТВ-компаниите едвај чекаат да добијат нови, свежи лица, а постарите актери и актерки се под ужасен стрес дека никогаш нема да се вратат на старите ангажмани. За жал, како општество, имаме тенденција да се обвинуваме себеси за ваквите можни неуспеси“, додаде тој.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Овој проблем, според „Њујорк тајмс“, е дополнително поддржан од фактот дека ѕвездите во Јапонија немаат поддршка од нивните фанови и општата јавност, но и дека тие се строго критикувани за секое однесување што излегува од социјално прифатливиот начин на размислување.

Актерката Јуко Такеучи, иако е мртва, јапонските фанови продолжуваат и понатаму со најбруталните навреди преку социјалните мрежи, го навредуваат нејзиниот лик и дело и ја нарекуваат неодговорна затоа што извршила самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот