Поради невкусна шега за коронавирусот му се закануваат пет години затвор (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Како што е објавено на социјалните мрежи, настанот се случил на 2 февруари, кога момче со заштитна маска на лицето во вагон на московското метро паѓа и имитира ненадеен напад тресење, додека неговите соучесници гласно викаат дека момчето има коронавирус.

Едно момче е задржано во московската полиција поради кривичното дело – хулиганство, додека полицијата трага по неговите соучесници, бидејќи во метрото на руската престолнина направиле невкусна шега која предизвика паника меѓу граѓаните, пишува „Б92“.

Како што е објавено на социјалните мрежи, настанот се случил на 2 февруари, кога момче со заштитна маска на лицето во вагон на московското метро паѓа и имитира ненадеен напад тресење, додека неговите соучесници гласно викаат дека момчето има коронавирус. Тоа предизвикува паника меѓу патниците, кои брзаат да излезат од вагонот, но и од метрото.

Руските медиуми пренесуваат дека на момчето му се заканува казна до пет години затвор.

Од московското метро претходно соопштија дека ќе упатат жалба поради „шегаџиите“ на кои инспирација им е коронавирусот, бидејќи како што се наведува, ова не им е првпат вакви или слични „шеги“.

За потсетување, новиот коронавирус Ковид-2019 усмрти повеќе од 1.000 луѓе, а десетина илјади се заразени од него. Вирусот потекна од кинескиот град Вухан.

Пранк с коронавирусом привел к уголовному делу

В Москве задержали «коронавирусного пранкера»На молодого человека, который в вагоне метро имитировал приступ от заражения коронавирусом, завели уголовное дело по ч.1 ст.213 УК РФ (хулиганство). Сейчас полиция ищет его сообщников.Инцидент произошел 2 февраля в вагоне поезда, следовавшего между станциями Полежаевская и Улица 1905 года. Молодой человек упал, имитируя внезапный приступ, а другие участники пранка говорили, что у него якобы коронавирус, провоцируя панику среди пассажиров. Далее видео опубликовали в соцсетях.Ранее в московском метро говорили, что на «коронавирусных пранкеров» пожалуются в полицию. Правда, речь тогда шла о пранке на станции Александровский сад, где в вагон зашли два человека в защитных костюмах и семеро китайцев в масках. Авторы того пранка так и не опубликовали получившееся видео.Как считаете, нужно ли наказывать шутников?

Publiée par Интересная Москва sur Lundi 10 février 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот