Поради несоодветна фотографија српски весник остана без насловна

Фото: Фејсбук

НИН во денешното издание нема фотографија на насловната страница, затоа што првичниот избор на фотографија бил, според издавачот, несоодветен, особено во земја во која беше убиен премиер.

Ова утринава го соопшти издавачот на НИН, Рингиер Аксел Спрингер Србија, наведувајќи дека иако фотографијата на насловната страница е сменета, содржината на статијата под наслов „Афера оружје: Кој го урива Крушик” останува непроменета.

Рингиер Аксел Спрингер Србија додаде дека изданието на НИН со нова насловна страница ќе биде објавено што е можно побрзо.

На насловната страница што вчера беше објавена на социјалните мрежи на неделникот имаше фотографија со српскиот претседател Александар Вучиќ во кого е вперено оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот