Поради неподмирени долгови ЕХФ го исклучи РК Вардар од Лигата на шампионите

фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Покрај убавите моменти кои ја одбележаа спортската 2022 година, имаше и разочарувања, а едно од нив беше суспензијата на ракометниот клуб Вардар 1961 од учество во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона (2022/2023).

Скопските „црвено-црни“ беа исклучени од Европската ракометна федерација поради неподмирени поранешни долгови околу некои играчи.

Михајло Михајловски на прес-конференција пред шест месеци изјави дека сака да се повлече од клубот, бидејќи е инволвиран во бизниси. Тој и пред играчите ја најави оставката, но и дека нема да го остави клубот со цел со Сергеј Самсоненко да ги заврши работите за да не се појават истите проблеми и догодина.

– За жал од ЕХФ на 17 јуни 2022 год, добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 год. беа подмирени обврски во висина од околу 2.3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра. На 21 јуни 2022 год. во утринските часови РК ВАРДАР 1961 АД Скопје вложи приговор до ЕХФ и понуди издавање на неотповиклива банкарска гаранција за обврските над износот на депозитот од 300.000 евра, кои ќе бидат верификувани. Но, ЕХФ на 22 јуни не го прифати тоа, и ја потврди одлуката за исклучување – беа тогаш зборовите на Михајловски.

Воедно се случи и вистински играчи егзодус во составот на двократниот европски шампион, прво тимот го напушти шпанкиот тренер Давид Дејвис, а потоа и едно од најдобрите леви крила, „иконата“ на РК Вардар 1961, Русинот Тимур Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот