Поради непочитување на роковите, Градот го раскина договорот за изградба на тунелите под Кале

Петнаесет месеци по склучувањето на договорот за проектирање на тунелите под Кале, Град Скопје одлучи да го раскине договорот со фирмата Мега инженеринг консалтинг АД. Причината за тоа, како што велат од Градот е непочитување на рокот за изработка на проектот.

-Фирмата требаше за 6 месеци да ја проектира сообраќајницата, мостот преку Вардар и тунелите под Кале. Рокот беше продолжен поради пандемијата со Ковид 19, но ниту тој рок не го испочитуваа, поради што Град Скопје одлучи да го раскине договорот, на фирмата и е наплатено за неисполнување на одредбите од договорот, преку активирање на банкарска гаранција, изјави портпаролот на Градот, Ваљон Салиху.

Тој додаде дека очекувањата се до крајот на годината да се најде нова фирма што ќе го проектира проектот тунели под Кале.

-До крајот на годината ќе биде познат новиот изведувачот на проектот што значи дека до крајот на јули ќе имаме подготвен проект за изведба, додаде Салиху.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот