Поради неовластеното истражување на нафта и гас во Кипар: ЕУ ја намалува претпристапната помош за Турција

Фото: Профимедиа

Намалувањето на средствата не се однесуваат на сумата што ЕУ и ја исплаќа на Турција за згрижување на бегалците.

Европска Унија годинава ќе ја намали претпристапната помош за Турција за 75 проценти поради неовластеното турско истражување на нафта и гас во територијалните води на Кипар и поради турската воена офанзива во Сирија што почна во октомври.

Намалувањето на средствата не се однесуваат на сумата што ЕУ и ја исплаќа на Турција за згрижување на бегалците.

Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел испрати писмо до Европскиот парламент во кое се наведува дека ЕУ одлучила Турција годинава да добие само 168 милиони евра од ИПА фондовите, што е за 75 отсто помалку средства во споредба со минатата година.

Од тие средства 150 милиони евра се наменети за зајакнување на демократијата и владеење на правото, а останатите 18 милиони се за рурален развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот