Поради него почна да користи тешки дроги, славната пејачка потоа беше најдена мртва во станот, а тој сега ги бара нејзините пари!

Profimedia
Фото Профимедиа

Колку нивната љубов беше силна, зборува и фактот дека Ејми го тетовираше неговото име на градите, а тој нејзиното под увото.

Контроверзната и трагично почината пејачка Ејми Вајнхаус својата љубовна приказна со поранешниот сопруг Блејк Филдер, со кој речиси секојдневно беше во кавга во медиумите, ја започна уште во 2005 година.

Тие се запознаа во еден паб во Лондон, кога Ејми се наоѓаше на самиот почеток од својата музичка кариера, а тој работеше како асистент во видеопродукција на една компанија, а и двајцата веднаш се вљубија еден во друг, иако Блејк во тој период имаше друга девојка.

Колку нивната љубов беше силна, зборува и фактот дека Ејми го тетовираше неговото име на градите, а тој нејзиното под увото.

Меѓутоа, по само половина година, Блејк ја остави Емји и се врати со својата поранешна девојка, поради што славната пејачка почна се повеќе да страда.

Фото: Фејсбук

– Навистина бев во депресија. Бев толку заљубена, а сето тоа отиде во ветер. И двајцата бевме виновни за раскинувањето – раскажа таа своевремено за медиумите.

Иако нејзиниот татко ја советуваше да не оди на рехабилитација, таа се одлучи да проба.

Во центарот за одвикнување објасни зошто пие, остана таму само 15 минути и си замина.

– Во тоа време го допрев дното на животот и не гледав излез – рече Ејми.

Но, Блејк се врати во нејзиниот живот кон почетокот на 2007 година. Ејми во тој период почна да станува зависна од потешки работи од алкохолот.

Токму Блејк ја запозна со светот на тешките опојни дроги, додека пред него таа консумирала само марихуана.

-Ја направив најголемата грешка во животот кога земав хероин пред неа. Се чувствувам виновен – рече тој во една прилика.

Фото: Профимедиа

Парот набргу стана познат поради честите јавни кавги и насилничко однесување, а по една од таквите кавги, фотографите ја забележаа Ејми со крвави кондури, целата со модринки и гребаници.

Токму во 2007 година тие двајца се венчаа во Мајами, а Ејми за време на едно интервју за американски магазин, зеде парче скршено стакло, па сечејќи се на стомакот напиша „Го сакам Блејк“, со што ги шкираше сите.

Кон средината на 2007 година, таа заврши во болницата поради предозирање, бидејќи земала комбинација од хероин, кокаин и екстази.

Ејми продолжи со својата зависност иако освои пет Греми награди и нејзините албуми се продаваа во милиони примероци ширум светот, додека Блејк заврши во затвор поради напад на сопственик на паб.

Фото: Инстаграм

Пејачката на крај сепак се одлучи за рехабилитација, каде сфати колку всушност бил токсичен нејзиниот брак, по што се најде во прегратка со актерот Џош Боуман, а Блејк при излегувањето од затворот веднаш побара да се разведе од неа.

Во 2011 година Ејми тргна на турнеја која беше откажана како резултат на нејзината тешка физичка и психичка состојба, а само еден месец подоцна беше пронајдена мртва во својот стан.

Ејми Вајнхаус почина на 23 јули, 2011 година, како резултат на труење од алкохол на само 27 години, а сето нејзино богатство вредно 5.3 милиони долари им припадна на нејзините родители.

Меѓутоа, нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер го бараше „својот дел“ од 1.8 милиони. Како причина за тоа тој наведе дека додека биле во брак сепак таа била поуспешната од него.

Но, и натаму не е познато дали тој има право да бара пари, бидејќи по разводот Ејми му исплати 450.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот