Поради него Меси си замина од Барселона, а сега го критикува ПСЖ: Тие ќе го уништат фудбалот

Првиот човек на Ла Лига повторно го нападна ПСЖ кого го смета за непријател на фудбалот/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас остро ја критикуваше трансфер политиката на ПСЖ по завршувањето на летниот преоден рок.

Откако заврши еден од најлудите и најдрамитични преодни рокови за најголем дел од европските лиги, се огласи претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас кој го нападна ПСЖ.
Токму ПСЖ е апсолутен победник во преодниот рок во кој донесе некои од најголемите фудбалски ѕвезди. На прво место е ангажманот на Лионел Меси од Барселона која не можеше да обезбеди финансиски средства за платата на Аргентинецот.

Според правилата на Ла Лига на кои инсистираше Тебас да се почитуваат, шпанските екипи можат да потрошат само 70 проценти од годишните приходи за плати на фудбалерите, додека со Меси тој процент на каталонскиот тим изнесуваше дури 110 проценти.

Покрај Меси, како слободни играчи во ПСЖ дојдоа и Серхио Рамос од Реал Мадрид и Џанлуиџи Донарума, додека платија 110 милиони евра за Ашраф Хакими од Интер и Нуњо Мендеш кој дојде до Спортинг Лисабон, а притоа го задржаа и Килијан Мбапе иако понудата на Реал Мадрид изнесуваше неверојатни 220 милиони евра.

„Клубовите-држави се подеднакво опасни за фудбалскиот „екосистем“ како и Суперлигата. Бевме критични кон Суперлигата бидејќи го уништува европскиот фудбал, па сега сме подеднакво критични кон ПСЖ“, напиша Тебас на својот профил на Твитер.

За да докаже колку е апсурдна ситуацијата со ПСЖ, Тебас ги спореди трошоците на францускиот тим за плати на фудбалерите со загубите кои француската Лига 1 ги претрпе поради пандемијата на коронавирусот.
„Загуби од пандемијата на коронавирусот +300 милиони евра, приход од ТВ правата во Франција -40 проценти и 500 милиони на плати? Тоа е неодржливо“, пишува Тебас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот