Поради неа се разведе, а сега ЈА ОСТАВИ: Има помалку од 50 килограми, изгледа анорексично

мајли кејтлин
Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Мајли Сајрус постојано е во фокусот на јавноста, прво по разводот од Лиам Хемсворт, па потоа врската со блогерката Кејтлин Тарнер, а сега и поради изгледот.

По разводот, Мајли отворено кажа дека отсекогаш ја привлекувале и жени, но дека овојпат мора да ѝ се посвети на музичката кариера.

По драматичните настани од последните месеци, она што обожавателите можеле да го забележат е дека Мајли е неверојатно слаба, скоро и анорексична, а тоа го забележале дури и членови на нејзиното семејство.

„Драстично ослабе, јаде одвреме-навреме по некое овошје, но има помалку од 50 килограми. Сите сме загрижени“, изјавил близок извор на пејачката.

Мајли не крие дека во минатото правела глупости, но и не смета дека мора за се да им се правда на обожавателите и јавноста.

„Не сум совршена. Не ни сакам да бидам“, смета таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот