Поради намалена мобилност од почетокот на пандемијата: Значителен пад на барањата за азил во Европската Унија

Фото: EPA/OLIVER WEIKEN

Европската канцеларија за азил (ЕАСО) соопшти дека бројот на апликации за Европската Унија (ЕУ) и за Шенген зоната е за 31 отсто понизок во споредба со истиот период лани. Во август оваа година, 40.000 лица побарале азил во земја од ЕУ, што е 40 отсто помалку од пред седум месеци кога бројката изнесувала над 65.000, покажуваат податоците на Канцеларијата.

Од почетокот на оваа година вкупно 295.075 лица побарале меѓународна заштита, за истиот период во 2019 бројката е помала за 31 отсто, што се должи на намаленото движење и мобилност поради глобалната пандемија на ковид-19, посочува ЕАСО.

Во август годинава, најголем број на баратели на азил доаѓаат од Сирија, од Авганистан, од Венецуела и од Колумбија. Дваесет и шест отсто од барателите добиле позитивен одговор во август, а 23 отсто во јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот