Поради Мурињо не го сакаат Тотенхем за ривал во ЛШ!

Мурињо седна на клупата на Тотенхем после отказот кој го доби Маурисио Покетино. Португалецот почна успешно со лондонскиот клуб со победа во Премиер лигата над Вест Хем и триумф во ЛШ над Олимпијакос.

Италијанскиот одбранбен играч кој ги брани боите на Јувентус, Леонардо Бонучи смета дека поранешниот тренер на Интер, Реал Мадрид, како и менаџер на Манчестер јунајтед и Челзи, го „препороди“ премиерлигашот кој на едно коло до крајот на групната фаза го обезбеди второто место во групата „Ц“ зад Баерн, а пред Црвена звезда и Олимпијакос.

– Доколку би морал да избрам тим за избегнување во осминафиналето, тогаш тоа е Тотенхем. Мурињо им даде нешто додатно. Може многу нешта да се променат до елиминациската фаза во февруари, но верувам дека Тотенхем ќе се врати на вистинскиот пат – рече Бонучи за „Спорт Медиасет“.

Јувентус, пак, ја потврди првата позиција во групата „Д“ со триумфот над Атлетико Мадрид и затоа ќе добие условно кажано, „полесен“ ривал во ждрепката најавена за 16 декември.

– Можеби делуваше дека е лесно, но никогаш не е. Имавме добри резултати и ја остваривме првата цел – додаде искусниот дефанзивец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот