Поради мито приведени се петмина полицајци од ГП Богородица (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Петмина полициски службеници од граничниот премин Богородица се приведени за земање мито. Кај нив се најдени 822 евра и алкохолни пијалоци.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител“, соопштија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот