Поради мерките против ковид-19 во Словенија: Брак само во „итни и неопходни” случаи како бременост

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Поради новите ограничувачки мерки во Словенија, паровите не можат да стапат во брак се додека не се смири епидемијата, освен во „итни и неопходни” случаи, а министер во владата на Јанез Јанша ја наведе бременоста како оправдана причина за итна венчавка.

Во исклучителни случаи, за време на пандемијата, паровите можат да стапат во брак со примена на епидемиолошки мерки и присуство на матичар и најмногу две други лица, како и со дозвола на надлежниот министер.

Според податоците на државниот завод за статистика во Словенија, скоро половина од децата родени во една година се вонбрачно родени.

Во повеќето случаи, невенчаните парови со дете се формално обврзани со граѓанска или црковна церемонија подоцна, понекогаш кога веќе имаат повеќе деца.

Единствената земја во Европа што има повеќе вонбрачно родени деца е Франција со 60 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот