Поради љубовна врска со колешка, претседателот на Си-Ен-Ен поднесе оставка

Џеф Зукер/ Фото Johns PKI / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Претседателот на американската медиумска куќа Си Ен Ен, Џеф Закер денеска соопшти дека поднел оставка, која веднаш стапува во сила.

Тој како причина наведе дека не сакал да открие кога започнал љубовна врска со своја најблиска соработничка, што било побарано од него во рамки на истрагата за Крис Куомо, братот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој работел во Си Ен Ен.

Закер изјави дека во текот на истрагата било откриено дека бил во врска со најблиската соработничка, како што опишал: „со некој со кој соработувате 20 години”.

– Потврдив дека врската траеше во претходните години. Ме прашаа да откријам кога започна врската, но јас не го направив тоа. Погрешив. Поради тоа, сега поднесувам оставка, истакна Закер.

Тој во изјавата не го наведе името на колешката, но во текстот се открива дека станува збор за Алисон Голуст, шефицата за маркетинг во медиумската куќа, која ќе остане да работи во Си Ен Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот