Поради „крвавиот четврток“ се бара повторна екстрадиција на Груевски

Деновиве од Министерството за правда до Будимпешта ќе биде испратено барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, поради обвинение за упадот во Собранието.

– Целокупното досие од судот и обвинителството ни стигнаа кон крајот на минатата недела, деновиве тоа ќе биде пратено до Будимпешта – изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Од Интерпол уште ја немаат објавено меѓународната потерница за Груевски за 27 април. Од Правда и претходно бараа Груевски да биде депортиран во Македонија, поради тоа што е осуден за случајот „Тенк“, сепак од страна на унгарските власти беше одбиено ова барање, со образложение дека поранешниот премиер имал добиено азил во нивната земја.

Сега против Груевски има покренато обвинение, во кое се вели дека тој е еден од организаторите на „крвавиот четврток“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот