Поради кражба на кукла во Аризона мало девојче и нејзините родители уапсени како терористи (ВИДЕО)

После најнов случај на полициско насилство над семејство на Афроамериканци во Феникс (Аризона), кој случајно бил снимен, градоначалничката и шефот на полицијата упатија извинување до семејството, кое и покрај тоа, поднесе тужба против градот.

Настанот се случил минатиот месец на паркинг во Феникс, откако четиригодишно девојче „украло“ кукла од продавница, во која таа претходно била со семејството.

На снимката се гледа како полицијата наредува семејството со две мали деца да излезе од автомобилот и да ги подигнат рацете, заканувајќи им се со пиштол.

После навреди и закани, мајката излегува од колата со децата. Потоа им ги предава на минувач, за полицаецот да и стави лисици. Исто така се гледа како еден полицаец шутира маж во нозете за да му ги рашири.

Целиот настан бил снимен од друго лице. Поради тоа шефот на полицијата Џери Вилијамс упатил извинување до семејството, а истото го направила и градоначалничката Кејт Галјего, додавајќи дека снимката е исклучително „вознемирувачка“.

Сепак семејството не го сфаќа ова извинување сериозно, бидејќи одговорните полицајци не ја загубиле работата поради инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот