Поради коронавирусот затворен словенечкиот Универзитет во Приморска

Во овој универзитет предаваат повеќе професори од соседна Италија, кои живеат во деловите на земјата каде има голем број заразени со коронавирусот.

Поради брзото ширење на коронавирусот во Словенија, управата на Универзитетот во Приморска реши привремено да ги затвори вратите и да го прекине образовниот процес.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, универзитетот ќе биде затворен до 20 март. Ректоратот соопшти дека набрзо ќе излезат со сите детали и насоки за студентите.

Во овој универзитет предаваат повеќе професори од соседна Италија, кои живеат во деловите на земјата каде има голем број заразени со коронавирусот.

На официјалната Фејсбук страница на универзитетот пишува дека на ваков чекор се одлучиле поради тоа што оваа образовна институција има голема комуникација со Италија, а поради тоа има опасност до уште поголемо ширење на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот