Поради коронавирусот откажана азиската турнеја на Бонд

Profimedia

Последниот филм од франшизата „Џејмс Бонд“ со Даниел Крег (52), именувана како „No time to die“ требаше да стане најпрофитабилниот филм за тајниот агент на сите времиња…

Требаше, но сега е прилично сигурно дека нема да биде, бидејќи коронавирусот го „парализираше“ азискиот пазар…

Последното продолжение во кината пристигнува на почетокот на април, подготвена е и голема светска турнеја, која, поради заканите од коронавирусот, е откажана. Кинеските власти затворија повеќе од 70.000 кино сали ширум државата, па продуцентите одлучија да го откажат доаѓањето на акерот во Кина. Дури и вирусот мистериозно да исчезне од планетата, пишува „Daily Mail“, ѕвездите од филмот не би добиле дозвола од доктор и осигурителните компании за заминување во Кина…

profimedia

Со светска заработка од 1,1 милијарди долари, титулата за најпрофитабилен филм за господинот Бонд ја држи „Skyfall“ од 2012 година, а „No time to die“ требаше да ја надмине таа цифра, но како што веќе напишавме, тоа најверојатно нема да се случи поради очекуваните загуби на големиот азиски пазар.

Од Кина и останатите држави од истокот се очекуваше дека филмот ќе донесе заработка меѓу 150 и 300 милиони долари, што сега звучи како невозможна мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот