Поради коронавируот откажани изборите во Етиопија

Парламентарните избори во Етиопија, закажани за август, се одложени заради пандемијата на коронавирусот, соопшти Изборната комисија во оваа земја.

Во соопштението се истакнува дека комисијата ќе го објави новиот датум кога ситуацијата во земјата ќе се смири, пренесоа британските медиуми.

Националната изборна комисија на Етиопија  соопшти дека ги откажува сите избори активности, а одлуката ја поздравија и владата и опозицијата. Оваа е првпат некоја африканска земја да одложува вака значајни избори бидејќии смета дека е невозможно да се подготват  во време на пандемија.

Во неколку африкански земји годинава треба да се одржат претседателски избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот