23 C
Скопје

Поради контакт со инфицирано лице во Хрватска: Патријархот на СПЦ, Порфириј во самоизолација

Новиот партијарх на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј од превентивни причини се самоизолира поради контакт со заразено лице со коронавирусот, јави нова.рс, повикувајќи се на извори во Патријаршијата.

– Патријархот неодамна престојуваше во Хрватска, а сега откривме дека бил во контакт со заразено лице со ковид-19. Поради тоа, самоиницијативно одлучи да се повлече во изолација, бидејќи не сака да изложува други луѓе на потенцијален ризик, но и има намера преку личен пример да покаже на другите како да постапуваат во вакви ситуации, вели изворот на нова.рс од Патријаршијата, додавајќи дека Порфириј се чувствува добро.

– Апсолутно нема никакви симптоми на вирусот и ако даде Господ нема ниту да има. Го очекуваат бројни обврски и откако ќе ги испочитува сите епидемиолошки мерки и процедури, ќе продолжи со вообичаената работа. Патријархот го очекува и пат на Косово и се надеваме дека ќе може да оди таму, меѓутоа сега е важно да покажеме општествена одговорност, велат од Патријаршијата за нова.рс.

Поврзани вести

Европска агенда на премиерот Заев – Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина

Слободен печат

Мицкоски: Бараме датум и преговори со ЕУ веднаш

Во Израел има помалку од 1.000 активни случаи на заразени со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Остави Коментар