Поради изолацијата му здосадило да седи дома со жена си, па се преселил во шатор во дворот

Профимедиа

Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, буквално се парализираше целиот свет. Можноста да се оди на работа, во парк, на кино или едноставно да се седне во кафуле е забранета или сведена на минимум како и можноста за прошетка поради воведувањето полициски час.

Луѓето навикнати да шетаат, ретко кога деновите ги поминуваат заедно со семејството. Наместо тоа, се собираат сите дома на ручек или на вечера или само за викенд. Состојбата на воведен карантин, за многумина е навистина стресна, а многу брачни парови дури и по неколку децении брак и заеднички живот, во време на изолација сфатиле дека не можат долго да останат заедно во иста просторија.

Таков е и случајот со маж што живее во село близу Осиек во Хрватска, кој и покрај тоа што со својата сопруга бил во брак 30 години, сфатил дека не можат да останат затворени долго време заедно. За да си го реши проблемот, подигнал шатор во дворот и таму престојува веќе некое време.

– Живее неколку денови во шатор. Бев да го посетам и вели дека се во одлични односи со сопругата, но му треба малку мир, бидејќи како што кажаа, многу е да седите заедно 24 часа – изјавил еден од соседите за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот