Поради хаос во државата, владата на Шпанија воведува нови мерки

Сите запослени во секундарните активности треба да останат дома во следните две недели.

Шпанија, втората земја во светот по бројот на смртните случаеви од корона вирусот, времено ги „замрзнува“ сите секундарни економски мерки во период од две недели како мерка во борбата против коронавирусот, изјавил шпанскиот премиер Педро Санчес, пренесува РСЕ.

– Сите запослени во секундарните активности треба да останат дома во следните две недели – изјавил Санчес, кој воведува иста мерка како и Италија, земја која во Европа е најпогодена од коронавирусот.

Санчес најавил дека работниците ќе ги примаат редовно платите, но подоцна ќе мора да ги надополнат тие неодработени часови.

Во Шпанија заклучно со вчера од коронавирус починале 5.960 лица, а бројот на заразени достигна 72.248 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот