Поради горештините првачињата во Аргентина можат да одат на училиште во костими за капење

Дете со костим за капење, летно време горештини, илустрација/ Фото EPA/AARON M. SPRECHER

Поради топлотниот удар што зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело, во најмала рака, необична одлука: учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костими за капење и да се прскаат со вода за време на одмор, објавија локалните медиуми.

Топлотен бран веќе две недели владее со провинцијата Буенос Аирес и неколку други провинции во централниот север на Аргентина, создавајќи бескрајно лето и соборувајќи ги температурните рекорди. Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.

Поради горештините, многу училишта минатата недела ја прекинаа наставата бидејќи многу од нив не се опремени со клима уреди и чекаат да падне температурата.

Но, училиштето во Росарио, град оддалечен 310 километри од Буенос Аирес, не може да користи клима поради низок напон, па одлучи да ја прекине наставата во средните училишта.

Проблемот, сепак, е покомплексен, со децата од одделенска настава кои не можат сами да останат дома затоа што нивните родители работат, па училиштето дошло до решение.

„Одлучивме учениците кои сакаат, можат да го следат часот во костим за капење и сандали, а да имаат пешкир и облека за пресоблекување. Одморот ќе го поминат под сенка, а не на сонце и можат да се прскаат со вода од цревата за да се изладат“, напиша управата во писмото до родителите, како што пренесува Ла Капитал, дневен весник од Росарио.

„Ве повикуваме да го погледнете од едукативна гледна точка“, рече директорот на училиштето Маријан Санчез.

„Никогаш не сме виделе ваква жештина и училиштето е должно да одговори на тоа“, нагласи таа и додаде дека родителите не треба да се грижат бидејќи училиштето ќе се погрижи водата да не се троши, па наставниците ќе ги „ладат децата во групи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот