Поради голите задници и гради Фејсбук и Инстаграм воведоа огромна промена – забележавте?

Инстаграм и Фејсбук одлучиле да отстранат три популарни емоџија – праска, домат и капки, пренесуваат светските медиуми. Фејсбук, кој е во сопственот на Инстаграм, ги промени правата пред неколку денови и на корисниците им е оневозможено да ги користат трите споменати емоџија, со оглед на тоа дека сите три се користат исклучиво во коментари во сексуална конотација, а често и се навредливи.

Сите три емоџија, особено емотиконот со праска, кој означува женски задник, ги обожуваат корисниците ширум светот, вклучувајќи ги и Македонците. Ова е крај и за инфлуенсерките кои своите задници често ги опишуваа со емотиконата праска.

Од Фејсбук велат дека промената е насочена кон сексуалните работници кои повеќе не можат да ги продаваат своите услуги на социјалните мрежи, а забраната ќе влијае и на сите оние кои користат емоџија за разговор или шеги за секс.

Од Фејсбук кажаа дека е спротивно на новите правила емотиконите да се користат за покривање на гениталии во сликите кои се споделуваат на платформите. Во воведот на овој нов додаток на Фејсбук се наведува дека подвлекуваат линија „кога содржината олеснува, поттикнува или координира сексуални средби меѓу возрасните“.

Оваа одлука на Фејсбук разбесни многумина бидејќи не им е јасно како мрежата се уште не се изборила со, на пример, антиваксерите, а и пречат задници и полови органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот