Поради голем пожар во близина на Атина, евакуирани населби и детски камп

Голем шумски пожар избувна во Лаврио, приморски град во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во справувањето со огнените јазици интервенираат 49 пожарникари со 19 возила, два пешадиски тима, два авиони и четири хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, била дадена наредба, превентивно да се евакуираат четири населби и детски камп со околу 600 деца.

На местото на пожарот итно замина заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардаљас, заедно со тим од надлежното министерство..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот