Поради фејсбук објава, МНР ќе го повика на консултации генералниот конзул во Минхен

Генералниот конзул на земјава во Минхен ќе биде повикан на консултации во Министерството за надворешни работи, поради содржина на негова објава на Фејсбук, соопшти денеска МНР.

– Во врска со објавата на Фејсбук со содржина која се коси со Законот за надворешни работи и етичкиот кодекс на дипломатите, Генералниот конзул во Минхен ќе биде повикан на консултации во Министерството за надворешни работи веднаш штом се создадат услови за патување, кои во моментов се отежнати со оглед на пандемијата, објави МНР на официјалниот Фејсбук профил.

МНР наведува дека консултациите ќе бидат во насока на испитување на околностите за утврдување евентуална одговорност врз основа на дисциплинска постапка.

Дел од медиумите пред два дена објавија дека генералниот конзул во Минхен на својот Фејбук профил објавил содржина во врска со настаните од конфликтот во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот