Поради долгови, Боинг бара заем од 10 милијарди долари

Американската мрежа Си-Ен-Би-Си во понеделникот прва информира за преговорите, тврдејќи дека Боинг од банките досега земал најмалку шест милијарди долари.

Американскиот производител на авиони „Боинг” преговара со банки за заем од 10 милијарди долари или повеќе поради високите трошоци по авионските несреќи на авионите „737 Макс”, изјавил анонимен извор.

Американската мрежа Си-Ен-Би-Си во понеделникот прва информира за преговорите, тврдејќи дека Боинг од банките досега земал најмалку шест милијарди долари.

Извор на Си-Ен-Би-Си рекол дека претставници на Боинг паралелно разговараат и со други кредитори за дополнителни суми.

Друг неименуван извор ја потврдил информацијата и додал дека се уште не познат точниот износ кој Боинг се обидува да го собере, ниту дали американскиот гигант ќе се одлучи да продава свои акции.

Претставници на компанијата одбија да ги коментираат овие информации.

Светските агенции минатиот петок јавија дека американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) веројатно нема да одобри враќање на авионите „737 Макс” во промет пред март, додавајќи дека би можеле да останат приземјени и до април, а можеби и подолго.

Авионите беа приземјени во март минатата година после две несреќи во кои загинаа вкупно 346 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот