Поради дезорганизацијата со вакцините: Унијата паѓа во очите на балканските народи

Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Пандемијата и вакцинацијата предизвикаа Европската Унија да наликува на компилација на импровизации и солирања, а не на складен хор и оркестар предводен од врвен диригент што ја изведува Бетовеновата „Ода на радоста“ – вели Марјан Ѓуровски, професор за безбедност.

Според него, вакцината „Спутник В“ е најнова алатка во рацете на Руската Федерација за остварување комбинирано влијание од сопствен интерес врз надворешната политика на повеќе држави.

– Преку процесот на вакцинирање, ЕУ, за жал, уште еднаш ја потврди својата неефикасност и потребата од менување и тоа прво однатре по преземање на новото германско лидерство во услови на дискутабилно поведение на официјален Париз. Воедно, доставувањето во најголем дел на кинески и на руски вакцини во регионот е директно „кршење на ’рбетот“ на ЕУ во срцето на Балканот, каде може да се очекуваат значајни поместувања. Целиот европски проект ризикува да ја загрози смислата на своето постоење во очите на сопствените граѓани – изјави за „Слободен печат“ Ѓуровски.

Тој додава дека вакцината се користи како хибридна алатка, бидејќи асиметричните закани никогаш не престанале и сега тие се механизам за обид за политичка и за економска доминација или за ново мешање на шпилот карти.

– Во обидот да се менаџира пандемијата, разликите и поделеноста се продлабочија, а во такви услови хибридните закани стануваат многу поефикасни и претставуваат голем безбедносен ризик. Руската вакцина „Спутник В“ ја отвора вратата во иднина за модус операнди на руската надворешна политика и руските разузнавачки служби во Европа и на Балканот, која секогаш е приспособена кон локалните околности. Различни делови од рускиот хибриден апарат се употребуваат во различен обем и мера според локалните или регионалните потреби на апликација – нагласува тој.

Според него, надворешната политика на Руската Федерација го искористи неснаоѓањето на Европската Унија и притоа си создава почва, во претстојниот период да користи класични политички средства за влијание преку продор во политичките и во бизнис елитите на поединечните земји, како и преку економски и енергетски средства за влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот