Поради дефект тетовчани неколку часа оставени без вода

Речиси шест часа поголем дел од Тетово беше без вода за пиење поради голем дефект на една од главните водоводни цевки на улицата „Абдул Фрашери” (поранешна „Радован Цониќ”), информираа денеска од Јавното комунално претријатие „Тетово”.

– Поради дефект во главната водоводна мрежа ф-400 во улица „Абдул Фрашери” имаше  прекин на водоснабдување, со почеток од 08:30 часот. Работниците од претпријатието „Водовод и канализација” беа максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, соопштија од ЈКП Тетово.

Оттаму посочија дека стариот водоводен систем е причина за постојани дефекти, односно пукање на старите водоводни цевки. При тоа, службите на ЈКП ги менуваат со цевки од понов материјал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот