Поради Брегзит, рекорден број Британци добија германско државјанство

Во Германија, бројот на лица примени во книгата на германски државјани се зголеми за 15 проценти минатата година, најмногу благодарение на британските граѓани кои земаат и германско државјанство поради Брегзит, соопшти денеска германското Федерално биро за статистика.

„Во 2019 година, 128.900 германски граѓани и со странско потекло добија германско државјанство, најголем број од 2003 година”, соопшти германското Федерално биро за статистика во Визбаден. Од нив, 14.600 нови државјанства отпаѓаат на граѓани на Велика Британија.

Порастот на барањата за германско државјанство кај британските граѓани почна нагло да расте во 2016 година во годината на референдумот за Брегзит.  Во 2015 година, година пред референдумот, само 600 Британци аплицирале за германско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот