Поради афера со недвижности, Пленковиќ го разреши министерот за здравство на Хрватска

Фото: Профимедиа

Кујунџиќ вчера, по разговорите со Пленковиќ, им изјави на новинарите дека го става мандатот на располагање и премиерот треба да одлучи дали ќе го смени.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши од должност министерот за здравство Милан Кујунџиќ, како резултат на аферата со недвижности, објави хрватскиот портал „Индекс“.

Кујунџиќ вчера, по разговорите со Пленковиќ, им изјави на новинарите дека го става мандатот на располагање и премиерот треба да одлучи дали ќе го смени.

На прес-конференцијата, на која се појави со адвокат, тој истакна дека моралот не му дозволува да поднесе оставка.

Аферата со недвижности се појави врз основа на несразмерност во имотниот лист и вистинската имотна состојба на Милан Кујунџиќ.

Инцидентот, кој се случи пред една од неговите куќи, кога обезбедувањето нападна новинарка на весникот „Слободна Далмација“, само ја влоши положбата на Кујунџиќ, кој тврди дека некои интересни групи наводно водат кампања против него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот