Популарноста на Ла Лига му ја донесе „Златната топка“ на Лео Меси?

Лионел Меси по седми пат беше прогласен за фудбалер на годината во изборот на „Франс фудбал“/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Минатиот понеделник Лионел Меси по седми пат ја освои „Златната топка“ иако добар дел од поранешните фудбалери, новинари и експерти сметаат дека Аргентинецот не го заслужи признанието, а сега можеби ја најдоа и причината.

Во неизвесно гласање, Меси доби вкупно 613 поени, само 33 повеќе од напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски за кого многумина сметаат дека требаше да ја добие „Златната топка“, додека имаше и добар дел кои мислеа дека Жоржињо, Мохамед Салах или Карим Бензема треба да победат.

Денеска е откриено дека географијата имала големо влијание на бодувањето откако се појави мапа на светот која најдобро илустрира каде попопуларен е Меси, каде Салах, а каде Левандовски и покажува дека ТВ правата имале удел во одлуката за добитникот.

Бундеслигата во која Роберт Левандовски „царува“ неколку години не е глобално популарна како Ла Лига минатата сезона играше Меси (Барселона) и која е втора најпопуларна фудбалска лига по Премиер лигата.

Поради тоа Меси доби повеќе гласови од Левандовски од азиските и јужноамериканските новинари.
Меси доби 150 бодови од азиските новинари наспроти 107 бодови за Левандовски, а исто така голема разлика имаше и во Северна и Централна Америка од каде Аргентинецот доби 103 бодови, додека Полјакот само 63. Во Јужна Америка, Меси доби 50 бода, наспротив 23-те на Левандовски.

Напаѓачот на Баерн доби повеќе гласови од Меси во Европа (151:203) и во Африка (159:184), што беше недоволно за да ја освои „Златната топка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот