Популарните апликации добиваат нови „титули“: Instagram oд Facebook и WhatsApp oд Facebook

Двете популарните апликации Instagram и WhatsApp наскоро ќе доживеат голема промена на имиџот, а името на нивната компанија сопственик Facebook ќе биде истакнато во прв план.

Апликациите во иднина ќе се викаат Instagram from Facebook (Instagram oд Facebook) и WhatsApp from Facebook (WhatsApp oд Facebook), па името на матичната компанија ќе биде значително истакнато за оние кои имале било какви сомнежи околу сопственикот.

Портпаролката на Facebook, Берти Томсон ја потврди оваа вест за „Бизнис Инсајдер“.

– Сакаме да бидеме јасни кога станува збор за производите и услугите кои се дел од Facebook“, вели таа.

Новото име ќе се појави во сите „продавници“ за апликации, како и внатре во нив, но нема да се гледаат на почетните екрани на корисниците.

Компанијата во вредност од 535 милијарди долари со години дозволуваше нејзините апликации да работат како независен тим со значајна автономија, но во последно време се обидува да оствари центризирана контрола, понекогаш предизвикувајќи тензии и загриженост помеѓу вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот