Популарниот сараевски режисер Пјер Жалица открива сè за липосукциската исхрана

Пјер Жалица
Фото: Промо / Липосукција ПР

Ослабнав 60 килограми и затоа лесно го прележав коронавирусот, а животот сосема ми се промени!

Липосукциската исхрана е одлично сценарио секогаш со среќен крај, вели прочуениот режисер Пјер Жалица, кој „скинал“ неверојатни 60 килограми.

Популарниот сараевски режисер Пјер Жалица („Мостар севдах рејунион“, „Гори ватра“, „Код амиџе Идриза“ и други наградени филмови на европските филмски фестивали) го открива своето искуство со липосукциската исхрана која почнал да ја применува откако сфатил дека дебелината толку му ја загрозила функционалноста што му го загрозила и здравјето и сè што правел – правел без волја и тешко. Вели дека проблемот го маскирал, го сокривал на работа, и приватно, се трудел тоа да не се види и да не остави трага на резултатите, но било тешко и оставало последици. Освен тоа, му претставувал проблем и фактот дека се приближувало снимање на филм.

– Снимањето беше во многу тесен распоред, па моравме да работиме брзо и ефикасно. Не бев сигурен дека сум во состојба за тоа. А посмислата дека ќе бидам клучен проблем во остварување на планот, а требаше да бидам мотор, ми беше неприфатлива. И тогаш одлучив дека сакам до снимањето да се доведам во ред за да можам да работам, а на долгорочен план – да го решам проблемот со дебелината еднаш засекогаш, искрен е Жалица.

Да се изгубат дури 60 килограми не е лесно, но Жалица вели дека во ниеден момент не помислил да се откаже.

Пјер Жалица
Фото: Промо

– Немав кризи, па така целиот процес како предмет на раскажување е потполно неинтересен. Како што тргнав во овој проект, навистина така го доживувам – како важен проект, ни еден момент не помислив да се откажам или да го прекинам процесот. Напротив, имав одлични резултати, и надворешни и внатрешни. Освен што изгледав подобро, подобро и се чувствував, од ден на ден. Поради тоа, веројатно, сите потешкотии нормални за процес на симнување 60 килограми, полесно ги поднесував. А предизвици, секако, има – вели Пјер Жалица.

За оние кои не знаат, појаснува што е липосукциска исхрана за која се одлучила и неговата сопруга, глумицата Јасна Жалица, и која за кратко време ослабела 15 килограми.

– Тоа е третман, начин на исхрана и организација на животот која ја разви нашиот нутриционист Кенан Мандра. Се спроведува во фази, на почетокот е ригорозен третман во кој имате еден „цврст“ оброк, вечера подготвена од избрани намирници. За појадок и ручек пиете напивки на кои основните состојки им се аминокиселини од природно потекло. Подоцна, како што напредувате, воведувате сè повеќе намирници, уште еден оброк – појадок, и на крајот сè се сведува на промени на животните навики, исхрана која најмногу личи на медитеранската. Доста маслиново масло, риба, зеленчук, блитва, лимон, маслинки, домати…, објаснува Жалица.

Непосакуваните килограми почнале да му се насобираат по војната. Смета дека стресот низ кој минувал имал важна улога за тоа, но искрено вели и дека внесувал повеќе калории, а малку трошел и тоа подолг период. Инаку, липосукциската исхрана ја започнал со 157 килограми.

За крај открива дека прележувањето на ковид-19 му било многу полесно откако ослабнал и додава: – Се чувствувам добро, сè ми е полесно, и дишењето ми е полесно. Неодамна имав коронавирус и поминав без поголеми проблеми, кој знае што ќе беше ако и понатаму имав 157 килограми.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „International Health“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот