ПОПУЛАРНИОТ ПЕЈАЧ ПРИЗНАВА: Сакам да ме нарекувате „тоа“

сем смит
Профимедиа

Пејачот Сем Смит, откако претходно призна дека е хомосексуалец, сега одлучи дека е родово флуиден.

Тој ги замолил своите најблиски да не му се обраќаат со „тој“, ниту со „таа“, туку со „тоа“.

Сем Смит пред извесно време признал дека веќе не се чувствува родово определен, но и дека размислува да ги отстрани своите гениталии. Но, досега нема официјална потврда дали бил сериозен во таа намера.

Пејачот најпрво го побарал ова од своите најблиски, а потоа би сакал и музичката индустрија да го дефинира на истиот начин. Луѓе блиски до него тврдат дека тој сега се чувствува среќно, слободно и свое.

Сем Смит веќе има освоено Оскар за песната „Writings On The Wall“, која ја сними за филмот за Бонд „Спектра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот