Популарниот доктор посвоил две девојчиња, а потоа почнал БИЗАРЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: Уште од 10 години ги „разубавувал“ (ФОТО)
Сите операции ги правел само нивниот татко за, како што вели тој, да биде сигурен дека ќе постигнат најдобар можен резулта
Пластичниот хирург, д-р Мајкл Никол и неговата сопруга посвоиле две ќерки, а потоа таткото решил да ги употреби своите вештини и да ги „разубави“.
Првата ќерка почнал да ја „средува“ уште кога имала 10 години, откако му се жалела дека не и се допаѓа нејзиниот папок. Денес, Чарм и Британи се редовни клиентки на клиниката на својот татко, а секоја од нив оперирала речиси се на телото.
Publiée par Dr-Michael Niccole sur Mardi 16 avril 2013
Сите операции ги правел само нивниот татко за, како што вели тој, да биде сигурен дека ќе постигнат најдобар можен резултат.
Никол ги оперирала градите уште на 18 години, додека Чарм чекала до 25. Покрај тоа, тие ги оперирале и носот, јаболчиците, задниците и уште многу други делови на телото.
– Кога завршив средно училиште, тато ми рече дека има изненадување за мене. Уште следниот ден бевме да ми ги зголеми градите – вели Никол.
Тие две велат дека израснале во опкружување каде естетската хирургија е нормална работа и дека не виделе никаков проблем во тоа толку рано да почнат со операциите.
И додека таткото им ги исполнувал сите желби, нивната мајка, Пени се противела на операциите.
– Мислам дека е погрешно да им се дозволува да оперираат се што не им се допаѓа. Се плашам дека ќе станат зависни од хирургија, вели таа.
Нивниот татко од друга страна, вели дека не верува дека има некаква одговорност за тоа што девојките сега за секоја ситница одат во неговата клиника.
– Јас не влијаев директно на нив, туку фактот што израснаа во такво опкружување каде такви работи се потполно нормални, вели д-р Мајкл.