ПОПУЛАРНИ ЖРТВИ: Тие поминувале низ тешки физички, емоционални и психички малтретирања!

ѕвезди насилство

Голем број славни ѕвезди немале среќен живот. Некои од нив биле малтретирани од своите партнери, а други пак биле жртви на сопствените родители.

Насилството е присутно секаде, а дури ниту популарните не се поштедени. Меѓу нив се Тина Тарнер, Шарлиз Терон, Ријана, Кристина Агилера… Тие поминувале низ вистински пекол поради своите блиски.

ТИНА ТАРНЕР: Маж ѝ ја мачел и силувал

Ајк Тарнер неколкупати за малку ќе ја убиел својата сопруга, а често ја присилувал и на секс. Нивниот брак е познат како најнасилниот меѓу ѕвездите. Се разведоа во 1976 година.

ШАРЛИЗ ТЕРОН: Мајка ѝ го убила татко ѝ

Актерката го поминала детството со насилен татко алкохоличар, кој неколкупати ја претепал мајка ѝ. Кога имала само 15 години, сведочела како нејзината мајка во самоодбрана го убива татко ѝ.

МАДОНА: Шон Пен ја тепал често

Во текот на нивниот брак, Шон Пен често бил насилен со пејачката. Поради тоа е и осудуван за семејно насилство. Поранешните партнери никогаш не зборуваат јавно за нивниот брак.

РИЈАНА: Му простуваше на Крис Браун

Овој случај важи за еден од најшокантните меѓу познатите. Се зборуваше дека Крис Браун ја турнал Ријана преку прозорец, а потоа ја тепал без да гледа каде удира. Денеска Ријана смета дека ниту една жртва не смее да го крие насилството.

КРИСТИНА АГИЛЕРА: Трауми од родениот татко

Кристина Агилера никогаш не криела дека нејзиниот татко, Фаусто Вагнер Хавиер Агилера, ги тепал и нејзе и нејзината мајка. Насилството го памети уште од најрано детство. Никогаш не му го простила тоа, но чувствувала грижа на совеста по неговата смрт.

АМБЕР ХЕРД: И жртва и виновна

Во барањето за развод од Џони Деп, Амбер навела дека е жртва на неговото физичко и емоционално насилство. Но, истото го тврди и тој и поднел тужба против нејзе.

РИС ВИТЕРСПУН: Страдала поради насилник

Познатата актерка открила дека во своите тинејџерски години била во насилна врска, но ѝ било тешко да ја прекине. Но, потоа сфатила дека едноставно, не може да биде со таква личност и раскинала. Како што вели, тоа целосно ја променило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот