Популарната султанка Хурем веќе нема да глуми – ќе продава чоколадо, џемови и сладолед

Профимедиа

Актерката Мерием Узерли, која кај домашната публика е запаметена по нејзината улога во серијата „Сулејман Величествениот“ сврте нова страница. На социјалите мрежи објави дека отвора продавница за здрави слатки во самиот центар на Берлин.

Како што објасни возбудената Мерием Узерли во видеото на Инстаграм, таа верува дека тоа ќе биде прва во низата продавници што планира да ги отвори ширум светот.

Instagram

„Ја отворам мојата прва продавница „Nosh Nosh“ во Берлин. Станува збор за вкусни и многу здрави слатки. Ова е само почеток на едно убаво патување, започнувам во Берлин, и се надевам дека ќе се рашириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место во кое сакаме да се чувствувате како дома додека уживате во најквалитетните слатки“, објасни актерката.

Во нејзината понуда ќе има „вегански чоколади, џемови, какао на лажица, макаронс, сладолед кој е најубав во светот, маслиново масло, кафе, чај и уште многу друго“, откри Мерием.

Да потсетиме, Узерли ја напушти серијата „Сулејман Величенствениот“ поради љубовната врска со тогашното момче Кан Атес, која потоа побара таа да абортира. Атрактивната актерка со германско потекло после тоа се повлече од очите на јавноста и се посвети на животот во Берлин со својата петгодишна ќерка Лара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот