Популарната салата од 70-тите и 80-тите години: Коктел од ракчиња и зеленчук совршен за во лето

ракчиња
Коктел од ракчиња и зеленчук / Фото: Profimedia

Морската храна е секогаш добра идеја бидејќи ни ја дава потребната енергија, а во исто време е лесна и вкусна. Доколку сте љубители на ракчиња и совршени гастрономски креации, во само неколку чекори, можете да подготвите едноставен коктел од ракчиња и зеленчук кој ќе ве освежи во топлите летни денови, било во чинија – или во чаша. Традиционално, коктелот од ракчиња се служи во чаша.

Сè што треба да направите е да ги сварите ракчињата, да го исецкате омилениот зеленчук и сè да искомбинирате со коктел сосот кој во англиската верзија е сос од посен мајонез и кечап, а во американската верзија кечап и рен.

Од почетокот на 60-тите години на минатиот век до 80-тите, ова јадење беше исклучително популарно во Велика Британија и во САД. Беше патентиран од готвачите за време на прохибицијата кога, иронично, почнале да ставаат храна во чаши, а висината на нејзината слава ја доживеа во казината во Лас Вегас, каде што ги продаваа овие коктели на љубителите на игрите на среќа по многу ниски цени.ж

Потребни состојки:

– 300 г исчистени ракчиња
– неколку листови свежа зелка
– неколку листови ајсберг
– неколку чери домати
– 1 краставица
– 1 кромид
За коктел сос:
– 3 лажици кечап
– 150 г мајонез
– 2 лажички рен
– 1 лажица Ворчестер сос
– сок од еден лимон

Подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки за сосот и ставете го во фрижидер. Ставете ги ракчињата во зовриена солена вода и варете ги две минути. Извадете ги од водата и исплакнете ги во ладна вода за да се изладат. Зелката и ајсберг салатата исечкајте ги на тенки ленти, доматите на четвртинки, а кромидот и краставицата на мали коцки. Во чаша или чинија по ваш избор ставете го зеленчукот, врз зеленчукот ставете ги ракчињата. На крај прелијте го со коктел сосот. Овој деликатес се служи ладен во комбинација со вашето омилено бело вино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот