Популарната РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА добива и своја серија

како да изгубиш момче за 10 денови
Фото Профимедиа

Пред 16 години младата публика ја освои романтичниот и несекојдневен филм со Кејт Хадсон и Метју Меконахи во главните улоги, „Како да изгубиш момче за десет денови“.

И по толку години, оваа комедија сè уште е многу популарна и кај доста помладите генерации, па продуцентот Гај Бранум одлучил дека е време овој филм да добие и ТВ-верзија. Снимањето на серијата, според неговата објава на Твитер, треба да започне наскоро.

Оваа вест ги воодушеви сите љубители на филмот, кои сигурно со нетрпение очекуваат да видат како оваа приказна ќе се вклопи во денешното време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот