Популарната пејачка Тајчи откри што прави во самоизолација во САД, а на фановите им испрати неколку совети (ФОТО)

Instagram
Instagram

Пејачката Татјана Камерон Тајчи, која живее во САД,  на социјалните мрежи откри каква е тамошната ситуација со пандемијата од коронавирусот.

Таа им порача на фановите да останат дома и да ги следат препораките на властите.

„Останете дома, дистанцирајте се од други луѓе, мијте ги рацете, бидејќи тоа се некои од работите на кои можеме да влијаеме во оваа пандемија. Ако се борите со стрес, тоа исто така е во ред, тоа е нормална реакција и ве молам, не дозволувајте да ви биде непријатно поради тоа“, напиша Тајчи на својот Инстаграм.

Тајчи објави и дека сите музичари длабоко во себе знаат дека ќе свират и пеат во која било ситуација во животот. Таа смета дека да се биде музичар е животен повик, а вели дека е убедена оти колегите ширум светот ја разбираат и се согласуваат со неа.

„Без разлика на тоа што се случува во светот, музиката е секогаш овде за да не утеши, да ни го крене духот, да ни донесе надеж и да не насмее. Пеењето ослободува ендофрин, хормони кои се добри за имунолошкиот состав. Поради тоа почнете да пеете и играте“, напиша пејачката пред неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот