Популарната пејачка ги платила подароците на сите во продавницата, а никој не препознал дека е таа! (ФОТО)

Instagram

Австралиската пејачка Сиа после албумот „We Are Born“ од 2010 година во договор со издавачката куќа „Sony“ одлучила да го сокрие лицето од јавноста.

Instagram

Пред планетарно популарниот албум „1000 Forms of Fear“ и „This is Acting“ со хит-сингловите „Chandelier“ и „Cheap Thrills“, пејачката многу тешко се носела со популарноста и славата, па одлучила поретко да настапува, но кога ќе се појавува во јавност, да го крие лицето.

Instagram

Публиката која ја стекнала од 2014 година никогаш претходно ѝ го нема видено лицето, па не е ни чудо зошто никој не ја препознал во продавницата.

Во Палм Спрингс во маркетот на Волмарт, таа се претставила како Цици и ги платила поклоните на сите во продавницата. Кога ја прашале зошто го прави тоа, рекла дека освоила на лотарија.

Сиа зборела со луѓето, се сликала, добила цвеќиња и прегратки, а никој не знаел дека пред нив е жената која го напишала хитот „Diamonds“ за Ријана и дека продала преку 20 милиони примероци од своите албуми ширум светот.

Profimedia

Откако видеото станало популарно на друштвените мрежи, фановите на пејачката воодушевено прокоментирале дека Сиа е знак дека постојат добри луѓе помеѓу ѕвездите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот