Поправена билетарата, продолжува продажбата на влезници за Македонија-Косово (ФОТО)

фото: Слободен печат

Без сомнение интересот постепено се зголемува за историскиот фудбалски натпревар во Скопје за пласман на Европското првенство 2020 година.

Во текот на вчерашниот ден започна официјално продажбата на влезниците во билетарите на Националната арена „Тодор Проески“ за полуфиналниот плејоф натпревар во Лигата на нации помеѓу Македониа и Косово за пласман на Европското првенство 2020 година.

Овој меч е закажан за 26 март во Скопје, а навивачите, љубителите на фудбалот веќе покажуваат голем интерес да присуствуваат на овој историски настан и секако дадат поддршка за нашата најдобра селекција да ја оствари посакуваната цел. Потсетување дека победникот на 31 март ќе игра во финалето на гости кај Грузија или Белорусија како последна пречка за учество на континенталниот собир.

фото: Слободен печат

На првиот ден уште од самиот почеток редици за влезници, но едни лица кои долго време чекале (околу пет часа), не успеале да дојдат до билет, па ја демолирале едната билетара на арената, незадоволни дека продажбата завршила „предвреме“ (после 18.00 часот), иако на паното стоеше продажба до 20.30 часот.

И денеска продолжи продажбата на влезниците, без сомнение се очекува така да биде и во наредниот период, а што се однесува до билетарата која беше демолирана, поточно паното веднаш беше поправено и средено како што треба.

Потсетување дека и во другите градови се продаваат билети за фудбалскиот натпревар Македонија – Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот