Поповски: Значи, јас читам сега диво месо, а Вие слушајте диво градби!

Фотo: ohridnews.com

На отворањето на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“, режисерот Александар Поповски, отворено побара да се заштити културното и природното наследство на Охрид. Тој тоа го стори со споредба со една од најзначајните драми на неодамна починатиот режисер Горан Стефановски.

– Ако дивоградбите ги разбереме како метафора на нашиот свет, тогаш Горан, треба твоето диво месо да го земеме како рецепт. Значи, јас читам сега диво месо, а Вие слушајте диво градби. Диво месо е верување дека ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расне и ќе нарасне толкаво да го угуши човека. Месото мора да се откорне со нокти а раната да се изгори со жар – рече Поповски, пренесе 360.

На отворањето на Охридско лето, каде што настапи виолинистката Венеса Меј, зборуваше и претседателот Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот