Поповски: Трајковски сите граѓани и политички партии го признаа за свој претседател

Владо Поповски / Фото: Слободен печат, Архива

Владо Поповски, кој беше советник во Кабинетот на претседателот Борис Трајковски, порача дека претседателот Трајковски е првиот кој сите граѓани и политички партии го признаа за свој претседател, на сите граѓани без разлика на етничкита припадност.

– Претседателот Трајковски е и единствен засега кој стана близок соговорник на сите регионални политичари и лидери. Тој стана еден од учесниците и прогресивци на многу регионални движења. Мирољубиво и во општа полза. Не беше лимитиран од оградите на блоковскиот пристап, порача Поповски.

По смртта на Трајковски, рече Поповски, „сите искажаа мислење дека станува збор за голем државник од Македонија“. Трајковски, посочи Поповски, го отвори процесот на расправа на четирите релевантни политички партии – двете македонски и двете албански да ги разгледаат сите проблеми и понудат решенија, но и побара помош од САД и ЕУ во продолжување на дијалогот со сите Албанци.

На крајот, Охридскиот договор, посочи Поповски, не е бинационален, не е многунационален, туку е модерен европски Устав, типичен за мешаните општества со решенија кои што постојат во 20-тина и повеќе земји во Европа.

– Тој придонес на Трајковски е огромен и треба да биде максимално валоризиран, бидејќи е светилник за иднината на Македонија на сите, и за тежината и начинот до кој дојде до решение. Денеска, немаме меѓуетнички тензии. Има други проблеми и тие треба да се решаваат, меѓутоа конечно Македонија опстана и функционира натаму. Почит и благодарност за претседателот Трајковски, изјави Поповски на свечениот научен собир, во организација на МАНУ во рамки на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот