Попов: Билатералните спорови треба да останат надвор од процесот на преговори

Фото: МНР

Прво, секоја сериозна држава треба да има унифициран став на позицијата и опозицијата за клучните прашања за иднината на државата. Досега за жал од страна на опозицијата не видовме став по ниту едно клучно прашање во ова смисла, така беше со Преспанскиот Договор, така беше со Референдумот, така е и за прашањето за односите со Бугарија, вели државниот секретар на МНР Зоран Попов во јавувањето во Топ Тема на Телма.

-Ова е преважно прашање за дневно политичка пресметка- рече Попов.

За денешната одлука на Владата за назначувањето на Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија, Поповски вели дека Бучковски имал одлични односи со високи официјални лица во Бугарија и смета дека позитивно ќе се одрази за решавање на спорот со Бугарија.

-Мислам дека тој е јасен показател и недвосмислен сигнал за сериозноста и посветеноста на нашата Влада во инвестирање на добрососедски односи со Р. Бугарија. Станува збор за поранешен премиер кој во време на својот мандат имал одлични односи со високите официјални лица на Р. Бугарија во тој период, и сметам дека позитивно ќе се одрази на една нормализација, релаксација на односните базирана на взаемна почит и разбирање, и од друга страна забрзана имплементација на Договорот за добрососедство и соработка- рече Попов.

Зоран Попов во Том Тема истакна дека во новата Методологија, усвоена во март, едногласно од сите земји членки има јасна референца дека, билатералните спорови треба да останат надвор од процесот на преговори.

-Ризикуваме новата Методологија да биде прекршена уште пред да почне да се применува. Таа референца во Методологијата не е случајна, тоа е напишана врз основа на научени лекции во просецот на пристапување досега, од споровите помеѓу Италија и Словенија, меѓу Словенија и Хрватска, па и ако сакате меѓу Р. Грција и Р. Северна Македонија. Повторувам, став на ЕУ, да бидат решени сите спорови до крајот на преговорите. Значи, не може да влезе земја членка доколку има билатерален спор. Ние зборуваме за почеток на преговори. И уште еднаш, доколку блокадата на Бугарија опстои, ова ќе биде преседан и прекршување на новата Методологија  уште пред да почне да се применува– вели Попов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот