Поповска: Во моментот кога имаме високо загадување не треба профитот да биде на прво место

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска изјави дека следната недела ќе има информација дали измените на Законот за управување со отпад ќе бидат донесени или не. Дотогаш институциите треба да одговорат дали носењето на овие измени ќе влијае на македонскиот извоз на друг вид отпад во другите земјите од ЕУ.

Поповска вели дека ние не сме членки на ЕУ и немаме такви тврди облигациони односи. Пратеничката тврди дека „од институциите има лично заинтересирани за учество во овој бизнис” и оти во оваа област институциите имаат многу работа да проверат што и како се прави. Потребно е, вели таа, строга контрола, но и ревизија на целиот овој систем.
-Ние како држава треба да се водиме од сопствените интереси, а првичен приоритет треба да ни бидат здрави граѓани. Сакам да порачам дека во моментот кога имаме високо загадување, не треба да има никакви калкулации, односно на прво место да има профит. Мислам дека во институциите има луѓе кои што се заинтересирани за учество во овој бизнис и други инволирани инстутуции треба да истражат што се случува- изјави Попвска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот