Поповска: Македонија нема државна лабораторија за проверка на отпадот кој се увезува

ДОМ предлага измени во Законот за отпад со кои ќе се забрани увоз на отпад за согорување, бидејќи Македонија нема инсистуционална контрола на тоа каков отапд се внесува во државата.

Пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска до Собранието на Македонија поднесоа предлог измени на Законот за управување со отпад. Со овој предлог треба да се избрише одредбата во член 103 од законот со кој е дозволен увоз на отпад како извор на енергија.

Предлогот се најде на дневен ред на вчерашната пленарна седница, но не стигна на ред за гласање, бидејќи како што вели Поповска, „заглавила дискусијата“. Таа очекува измените на Законот за управување со отпад да бидат изгласани.

– Немам најава дека ќе има опструкции, верувам дека за оваа едноставна интервенција во Законот за управување со отпад сите ќе се согласат дека треба да биде изгласана – вели Лилјана Поповска.

Што всушност претставува „едноставната интервенција“?

Прочитајте и...  Османи од утре во работна посета на Рим и Ватикан

Измените на Законот за управување со отпад, кои беа предложени од пратеничките од ДОМ, а се поддржани од О2 Иницијатива, всушност претставуваат забрана за увоз на отпад којшто служи како енергенс.

– Иако Законот за управување со отпад е правен според Базелската конвенција и со истиот не се оспорува увоз на отпад, се покажа дека ние како држава немаме можност и капацитет во целост да ги исполниме одредбите од Базелската конвенција. Тоа значи дека за да нема загадување на воздухот, индустриската инсталација која што користи отпад како енергенс треба да има затворен систем, односно ништо од согорувањето да не излегува надвор во воздухот – објаснува Поповска.

Таа додава дека оваа забрана за увоз на отпад кој се користи како енергенс, доколку се изгласа, не мора да трае вечно, односно забраната може да се тргне кога ќе се покаже дека имаме соодветна институционална контрола.

Прочитајте и...  Обраќање на кралицата Елизабета втора неколку часа пред објавувањето на Меган Маркал

– Видовме дека нема соодветна институционална контрола, постои сомнеж дека и на царина не се прави контрола на тоа што се внесува во државата. Немаме државна лабораторија за да се провери отпадот кој се увезува. Принудени сме да веруваме на анализите на приватните лаборатории. Има многу нелогичности, анализите на приватните лаборатории покажуваат дека нема отстапки од пропишаните вредности, а од друга страна мерните станици покажуваат високо загадување. Забраната за увоз на отпад што се користи за согорување, не мора да трае вечно, нека ја укинат кога ќе бидеме институцинално подготвени, ама јас мислам дека уште долги години нема да бидеме во состојба да увезуваме ваков отпад – вели Поповска.

Таа претходно во изјава за Слободен печат обелодени дека со средствата обезбедени за опремување на државна лабораторија, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Фејзула Спахија, во 2018 купил теренско возило од 1.4 милиони денари.

Прочитајте и...  Состојбата на Мицкоски е стабилна, вели Филипче

– Јас неколку пати на пратенички прашања барав да ми се одговори за ваквото неодговорно работење на директорот, но одговор не добив, вели Поповска.

Измените на Законот за забрана за увоз на отпад што се користи како енергенс ќе се стават на гласање откако ќе заврши расправата за четири други закони.

 

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар