Поповиќ: Една од опциите е да започнеме со „Охридско лето“ на 4 август (ВИДЕО)

Подготовките за годинашново 60. јубилејно издание на фестивалот Охридско лето започнаа веднаш по завршувањето на минатото издание, а тоа значи дека токму овој период повеќето работи се завршени, но секако се работи и на прилагодување на некои активности со оглед на новонастанатата состојба со коронавирусот, велат од дирекцијата на најголемиот фестивал во земјава.

-Во постојана комуникација сме со Министерството за култура со цел да се види од кога и како би се одвивала целата манифестација. Една од опциите е да започнеме со Фестивалот на 4 август, кога традиционално се слави роденденот на „Охридско лето“, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорката Наташа Поповиќ.

Корона кризата можеби ќе го смени начинот на реализација на настаните, можеби ќе има ограничен број на посетители, намален број на концерти и претстави но никако нема да влијае врз квалитетот на она што ќе го понуди годинава фестивалот.

– Ќе се потрудиме да имаме поголем број на онлајн концерти, настани кои љубителите на уметноста ќе можат да ги следат преку лајв-стриминг. Сепак како Национална установа од областа на културата секако дека ќе ги следиме мерките на Владата на Република Северна Македонија против ширењето на коронавирусот, објаснува Поповиќ.

Овој период се работи и на подготовка на сцените и на се она што значи тековни активности.

-Целосно и професионално сме ангажирани Фестивалот да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат успешната културна приказна на Охридско лето изминативе 60 години, вели директорката на „Охридско лето“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот