Попович: Моите момци се подготвени за борба со суперхеројот

twitter.com/BR_NBA

Селекторот на репрезентацијата на САД, Грег Попович им даде еден одмор на своите кошаркари пред дуелот со Грција во кој ги очекува пресметка со „суперхеројот“, Јанис Адетокумпо.
– Природна работа е да се одморат играчите пред дуелот со суперхеројот. Ги одморив за да бидат максимално подготвени за Јанис – изјави Поповиќ.

Американскиот селектор зборуваше и за своите впечатоци од досегашниот дел од Мундобаскетот и дуелите со репрезентации од сите страни на светот.

– Знаевме дека овие играчи од разни страни на светот знаат да играат, некои ги знаеме и од НБА, но Јанис е специјален. Имам чувство дека кога играчи како Јанис играат за своите репрезентации, тие стануваат суперхерои. Тие уживаат да играат заедно и тоа важи за сите селекции на ова СП. Многумина од нив се заедно уште од малите категории и сите дишат како еден – вели Попович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот